Утрински Весник
Спорт

Тур д’Франс првпат во историјата нема да финишира во Париз, туку во Ница

Тур д’Франс првпат во историјата нема да финишира во Париз, туку во Ница
Dik 300x250 mk

За првпат во историјата „Тур д’ Франс“ нема да заврши на Елисејските полиња. На 111. издание на најпрестижната велосипедска трка во светот кое ќе се одржи следната година, последната трка ќе заврши со хронометар на Азурниот брег.

dobivaj vesti na viber

Организаторите беа принудени да се откажат од традиционалниот финиш во Париз, кој ќе биде домаќин на Олимписките Игри следната година.

Со оглед на тоа што последната етапа на „Тур д’ Франс“ на Шанзелизе е секогаш ревијална, овојпат таа ќе биде исклучително важна, бидејќи од Монако до Ница ќе се вози хронометар долг 35,2 километри, со две искачувања и спуштање од 15 километри на крајот.

„Тур д’ Франс“ ќе започне на 29 јуни 2024 година во Фиренца, а ќе заврши на 21 јули, пет дена пред почетокот на Олимписките Игри во Париз.

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето