Утрински Весник
Македонија

Шасивари-Мишел: Подобрување на условите во казнено-поправните установи и почитување на човековите права

Image 2026 09 11 114653129.png

Подобрувањето на условите во казнено-поправните установи и доследното почитување на човековите права беа дел од темите за кои се на разговараше денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со Алан Мишел, претседател на Европскиот комитет за спречување на тортурата и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (CPT).

На состанокот беа разгледани актуелните состојби во казнено-поправните установи, како и напредокот во спроведувањето на препораките содржани во претходните извештаи на Комитетот.


Соработката со CPT е важна за унапредување на системот на извршување на санкциите и обезбедување на почитување на човековите права и достоинството на лицата лишени од слобода.

Во периодот што претстои, Министерството за правда ќе продолжи да работи на унапредување на стандардите во казнено-поправниот систем, во согласност со препораките на Комитетот и европските практики.

Можете да прочитате

МВР: И ти си дел од безбедноста

Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта – дали сè уште планирате да станат старски домови?

Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари