Утрински Весник
Спорт

Трошењето заврши, време е да се состави трансфер листата

Трошењето заврши, време е да се состави трансфер листата

Челзи потроши повеќе од 300 милиони евра во зимскиот преоден рок, за ангажман на осум фудбалери. Од почетокот на новата сезона, на засилувања Челси потроши речиси 611 милиони евра. Сега кога ростерот е комплетиран, менаџерот Греам Потер и спортскиот директор ќе треба да ја состават трансфер листата.

dobivaj vesti na viber

Челси, нема многу избор и на крајот од сезоната ќе мора да ги „исчисти“ своите редови за да остане во границите на финансискиот фер-плеј.

Мароканецот Хаким Зијеш, чиј трансфер во ПСЖ пропадна во последните минути од преодниот рок ја предови листата на оние кои ќе го напуштат клубот. Место на „Стенфорд Бриџ“ нема да има за напаѓачите Пјер-Емерик Обамејанг и Кристијан Пулишиќ, а како што пишува „Гардијан“, клубот ќе ги разгледа и понудите за Матео Ковачиќ и Калиду Кулибали.

Клубот би можеле да го напуштат и Бен Чилвел и Конор Галагер, додека не се знае иднината на Ромелу Лукаку и Калум Хадсон-Одои кои се позајмени во Интер и Баер Леверкузен.

Извесно е дека Челзи ќе му понуди нов договор на 39. годишниот Тиаго Силва, кој изјави дека му е потребен на клубот во преодниот рок и дека е подготвен да остане во Лондон.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами