Утрински Весник
Свет

Трогателна објава од партнерот на Анастасија, жртва од Лариса: „Зошто не ме зеде со себе, ме остави сам“

Трогателна објава од партнерот на Анастасија, жртва од Лариса: „Зошто не ме зеде со себе, ме остави сам“

Смртта на 24-годишната Анастасија Адамидо од Пафос, жртва на трагедијата во Темпи, Грција, ги шокираше нејзините сонародници на Кипар.

dobivaj vesti na viber

Меѓу оние кои тагуваат по нејзината смрт е и нејзиниот партнер Димитрис, кој реши да се прости од неа со објава на својот личен профил на Фејсбук. Го пренесуваме цитатот во целост:

„Убава моја, љубов моја, веќе ми недостигаш повеќе отколку што можеш да замислиш. Не знам што ќе правам без тебе покрај мене бидејќи ти беше мојата поддршка, моите соништа, мојот живот. Денеска требаше да бидеме заедно како и секој викенд од септември до сега, но јас сум сега сам во нашиот град Солун кој ти толку го сакаше (можеби ти го сакаше малку повеќе од мене).

Дојдов како и секој петок, но те нема. Во септември, кога заминав за Атина, се чинеше невозможно, но со нашата љубов и романса успеавме да стигнеме до тука, кога веќе немаше да се разделуваме во понеделник и повторно да се среќаваме во петок. Кога ме чекаше на вратата од куќата да ме гушнеш или јас да те бакнам на станицата Лариса и да бидам најсреќната личност што ќе те имам крај мене.

Не знам веќе на што да се надевам бидејќи ние двајца бевме едно и сите соништа и планови беа споделени. Посакувам да бев таму во возот со кој отидов да те видам како вчера, бидејќи дојде редот да дојдам овој викенд. Посакувам да не си сама и јас да сум со тебе да те заштитам како и секогаш или ако не можам ќе бевме заедно во ова затоа што рековме дека заедно ќе поминеме се.

Отидовме на толку многу патувања и што е најважно не ме зеде со себе, ме остави сам и не знам што да правам со тоа.

Мило ми е само што никогаш не криев од тебе колку те сакам“, пишува тој во својата објава

Можете да прочитате

Над 200 потреси по силниот земјотрес во Турција

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција: Срушени се 16 згради, се пребаруваат урнатините

Маж спасен од под урнатините по земјотресот во Турција (ВИДЕО)