Утрински Весник
Македонија

Тројца повредени во сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Велес

Сообраќајка кај Тројаци, сообраќајот целосно во прекин
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Вчера попладне околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Велес, во близина на место викано „Манастири“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од 77-годишниот П.И. од Кавадарци, изгубило контрола и удрило во ѕид покрај патот, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– По несреќата возачот П.И. и сопатниците Е.П. (37) и една малолетничка биле пренесени во Јавна здравствена установа Велес каде на Е.П. и малолетничката им биле констатирани тешки телесни повреди, а на П.И. му биле констатирани телесни повреди, соопшти МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Како за 24 часа градот стана 7-ми најзагаден во светот?

Семејствата од Кочани со потресна порака до Швајцарија: „Ја носиме истата рана“

Министерството за здравство подготвено да обезбеди медицинска помош за повредените од пожарот во Кран-Монтана