Утрински Весник
Македонија

ДИУ: Во обид за пропаганда, пратеник на „Вреди“ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Dui.webp.webp

Соопштение на ДИУ:

Вчерашната објава на пратеник од Вреди, со која се обиде како успех да го прикаже двојазичното објавување документи во Службен весник, заврши како јавен доказ за неспроведување на законот од институциите што токму тие ги раководат.


Службен весник не функционира по политичка желба, ниту по моментален каприц.
Тој има законска обврска објавите да ги публикува на два јазика, согласно важечкиот правен поредок.

Значи, пратеникот на Вреди, во обид да се пофали, всушност промовираше спроведување на закон што тие секојдневно го оспоруваат.

Уште потешко, со самата споредба што ја направи со други институции, јавно призна дека многу институции не ја почитуваат законската обврска за употреба на албанскиот јазик.

Тоа значи дека проблемот не е толкувањето на законот.
Проблемот е неспроведувањето на законот.

Владата и Претседателката не можат да се кријат зад пропагандата на своите пратеници.

Кога целта е манипулација со јавноста, вистината сама излегува на површина.

Вреди денес го призна тоа што граѓаните секојдневно го гледаат:
албанскиот јазик се оттурнува од институциите преку систематско неспроведување на законот.

Бараме целосно и итно почитување на Законот за употреба на јазиците од секоја државна институција, без исклучок.

Можете да прочитате

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: Секој има право да си праќа писма, но моите чувства за прогон сè се посилни

Приведен 16-годишен од Тетово, при претрес на неговиот локал пронајдена дрога

Обвинение за судијата во чиј дом беа најдени 350.000 евра во ѕид