Утрински Весник
Македонија

Трипуновски од Пробиштип: Ги слушаме проблемите и предлозите на земјоделците и заеднички носиме решенија и мерки 

Thumbnail zemjodelec niva.jpg

Денеска во општина Пробиштип се одржа 13-тата трибина во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро”.

„Кампањата се реализира преку два големи тима кои одржуваат трибини во повеќе општини, како и шест помали тимови кои посетуваат населени места, со цел да се презентираат сите актуелни мерки, реализирани активности и идни планови на Министерството”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.


Министерот додаде дека вториот дел од трибината е посветен на директна комуникација со земјоделците, каде тие поставуваат прашања и даваат свои предлози и сугестии.

„Општина Пробиштип има над 1.400 регистрирани земјоделски стопанства, некаде околу 4.000 хектари обработлива земјоделска површина од кои што 2.100 хектари се во сопственост на државата поделени со договор на околу 159 корисници”, посочи министерот.

При изјавата министерот истакна дека во наредниот период ќе продолжат со посета на другите делови низ државата.

Можете да прочитате

Рускоска: Дел од милионите никогаш не беа пронајдени од случајот Рекет

Рускоска за состојбите во обвинителството: „Не е важно дали јас сум задоволна, туку што пишува во извештаите на ЕК“

„На заслужен одмор сум“: Каде замина Вилма Рускоска по разрешувањето?