Утрински Весник
Економија

Трипуновски: Нулта толеранција за злоупотреба на европски пари во земјоделството

20250417103444 big 730x400 57.webp.webp

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски изјави дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Министерството работат под строги правила кои мора да се почитуваат.

„Во делот на претходните истраги немам информација дали има епилог. Сигурно, кога ќе има, јавноста ќе биде информирана. Она што можам да го потенцирам во ова интервју е дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работат под строги правила кои мора да се почитуваат”, истакна министерот во интервјуто за Радио Слободна Европа.


„Министерството и Агенцијата работат на нулта толеранција во делот на злоупотреба на средства. Транспарентно се води целиот процес”, појасни министерот.

Тој ги повика сите граѓани кои имаат сознанија за можни пропусти да алармираат, по што веднаш ќе се преземат соодветни мерки.

„Самата Агенција и ревизорското тело редовно прават контроли во однос на исплатите по ИПАРД апликациите, со цел елиминирање на било каква злоупотреба”, додаде министерот Трипуновски.

Според него, нема да се толерира злоупотреба на средства, а правилата за распределба на средства ќе се почитуваат максимално.

Можете да прочитате

ССКМ демантира дека Претседателот Ангеловски демантира дека е разрешен, обвинува за фалсификат

Николоски: Понудите од врвни светски финансиски институции и банки го потврдуваат кредибилитетот на проектот “брза пруга”

„Кој купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“