Утрински Весник
Македонија

Трипуновски на теренска посета во Тиквешијата, досега откупени 30 милиони килограми винско грозје

20240831130633 Big 730x400 27.webp.webp

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска соопшти дека досега се откупени 30 милиони килограми винско грозје.

Трипуновски, кој со директорот на Државниот земјоделски инспекторат Васе Анакиев беше во теренска посета во Тиквешијата, истакна дека од информациите што досега ги има, откупот се одвива солидно, без поголеми забелешки од страна на лозарите и винарските визби.

 -Досега, согласно податоците на Земјоделскиот инспекторат, се откупени околу 30 милиони килограми.

Сметаме дека наредниве десетина дена можеби ќе заврши најголем дел од бербата кај лозарите, а она што го договоривме пред почетокот на бербата гледаме дека се почитува, изјави Трипуновски.

Тој посочи дека дел од винарските визби дури даваат плус од тоа што е веќе е договорено, зашто винското грозје од оваа реколта има одличен квалитет.

Трипуновски посети лозари за директно да види како тече бербата, а потоа продолжи по откупните пунктови за да направи увид во делот на откупот. 

Можете да прочитате

Уапсени две лица во Свети Николе и Куманово, управувале мопеди без дозвола и под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи

Полицаец тешко повреден откако излетал со службен мотор на Водно

Кузеска: Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ е најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија