Утрински Весник
Македонија

Трипуновски: Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

Slika 1.jpg

„Откупот на младата зелка се одвива непречено и во согласност со предвидената динамика и текот на бербата”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од струмичкиот регион.

„Од почетокот на годината до вчера се откупени околу 35 милиони килограми зелка. Но ако само зборуваме за пролетната, младата зелка од оваа реколта, од крајот на месец февруари до вчерашниот ден се откупени околу 30.000 тони”, посочи министерот.


Тој истакна дека откупната цена е задоволителна за земјоделците, воедно најави дека Инспекторатот ќе продолжи внимателно да го следи процесот, со цел да се обезбеди фер и непречен откуп.

Можете да прочитате

СОЗР купува VIP комбе за странски делегации и електрични возила за курирска служба

Томовски откри дека 104 службени возила со години скапувале на плац

Нов бран семејно насилство: Маж нападнал сопруга, син ја тепал мајка си