Утрински Весник
Спорт

Трипл-дабл за Јанис, Ривс е херојот на Лејкерси

Трипл-дабл за Јанис, Ривс е херојот на Лејкерси
Ss2

Милвоки Бакс, во овој момент се најдобриот тим во НБА лигата. Триумфот над Торонто Репторс (118:111), беше 51. во сезоната, во која Бакс имаат и 20 порази.

dobivaj vesti na viber

Бакс ги предводеа Брук Лопез со 26 поени, од кои 17 постигна во четвртата четвртина и Јанис Адетокунбо со трипл-дабл учинок од 22 поени, 13 скока и 10 асистенции. Гркот одигра совршен меч, ги погоди сите девет шутеви од поле. 20 поени за Милвоки постигна Крис Мидлтон.

300x250 (7)

Лејкерси славеа победа во дуелот со Орландо Меџик со 111:105 и ги задржаа шансите за пласман во плејофот. Лејкерси од клупата ги предводеше Остин Ривс со рекордни 35 поени во кариерата, а имаше и шест скока и шест асистенции. Тој изведе 18 слободни фрлања и погоди 16 (исто така рекорди во кариерата).



Ss1

Можете да прочитате

Арсенал пукна „петарда“ во мрежата на Челзи

Албански стратег кој со Шкендија беше шампион во мак-фудбалот е нов тренер на Шкупи

(Видео) Браќата на Јокиќ натепаа навивач на трибина