Утрински Весник
Македонија

Три ер трактори го гаснат пожарот на Жеден

Er traktor.webp.webp

Врз пожарот на Жеден, во Општина Јажинце, денеска дејствуваат трите „ертрактори” на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Во видео-изјава од самото место, Ангелов информира дека пожарот е пламнат на исклучително стрмен терен со густи грмушки, низ кои движењето е тешко.

-Од тие причини пожарникарите не може да дејствуваат, затоа денес работат трите „eртрактори“ со концентрирано дејство на неколку точки, каде што имаме намера да го пресечеме и да не дозволиме негово ширење. На тој начин, ќе воспоставиме делумна контрола, а можеме до крајот на денот и целосна контрола на овој тежок за гаснење пожар – изјави Анеглов.

Toj, исто така, изрази голема благодарност до тројцата многу храбри пилоти на ДЗС, кои, како што нагласи, секојдневно се на работа и пожртвувано летаат ниско над пожарите со намера да ги изгаснат и на тој начин да им помогнат на македонските граѓани.

Можете да прочитате

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

Сулејмани во посета на шест национални установи од областа на културата

До 18 часот 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни