Утрински Весник
Свет

Трговската размена помеѓу Кина и Јужна Америка изнесува над 500 милијарди долари

Si.webp.webp

Трговската размена помеѓу Кина и Јужна Америка, првпат минатата година се искачи на повеќе од 500 милијарди долари, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на Форумот Кина – ЦЕЛАЦ (The Community of Latin American and Caribbean States).

Си во говорот на Форумот во Пекинг со претставниците на Заедницата на земјите од Јужна Америка и Карибите наведе дека е големо задоволство да се соберат „старите и новите“ пријатели.


Тој наведе дека Кина го поддржува проширувањето на влијанието во државите од Јужна Америка и Карипскиот басен.

– Кинеските власти ќе им обезбедат на земјите од Јужна Америка заем од 66 милијарди јуани (околу 9,2 милијарди долари), наведе Си.

Тој најави и дека Пекинг планира да го зголеми увозот во земјите во регионот.

– Ќе поттикнеме поголем прилив на инвестиции за да го поддржиме развојот на земјите од Јужна Америка и Карибите, посочи Си.

Можете да прочитате

Слободата на медиумите во светот на најниско ниво во последните 25 години

Трамп повторно му врати на германскиот канцелар Мерц поради критиките за војната во Иран

Лавров: Долгорочно решение за Украина невозможно без решавање на основните причини за кризата