Утрински Весник
Македонија

Трета тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет

Sud.jpg

Во организација на Министерството за правда денеска во Апелацискиот суд Штип ќе се одржи тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Како што информираат од Министерството за правда, настанот е во соработка и со поддршка од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото.

 -Целта на настанот е поттикнување стручна расправа за содржината на нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, подготвени од страна на работна група во рамки на Министерството за правда, велат од Министерството.

Тркалезната маса е трета од неколкуте настани за консултации кои Министерството за правда ги организира, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе кон унапредување на законската рамка која го уредува работењето на Судскиот совет.

Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основ за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет.

Можете да прочитате

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области, продолжуваме со реформите и бараме сигурен и предвидлив европски пат

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот