Утрински Весник
Спорт

Тренингот на ПСЖ во Катар го следеа 30.000 гледачи

Тренингот на ПСЖ во Катар го следеа 30.000 гледачи

Повеќе од 30 илјадаи гледачи ги пречекаа ѕвездите на Пари Сен-Жермен на стадионот „Калифа“ во Доха, Катар, како дел од турнејата на Блискиот Исток. Предводени од ѕвездите Килијан Мбапе, Лионел Меси и Нејмар, тимот на Кристоф Галтие тренираше речиси два часа, пред утрешниот меч со ѕвездите на саудиската лига, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо на стадионот „Крал Фахд“ во Ријад, Саудиска Арабија.

dobivaj vesti na viber

Најмногу аплаузи доби Меси, кој се врати во Катар точно на месец дена откако со Аргентина ја освои титулата од Светското првенство на стадионот „Лусаил“. Претходно фудбалерите прошетаа оклу пристаништето Лусаил, а исто така беа гости во ресторан.

Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие изјави дека мечот на ПСЖ во Саудиска Арабија нема да биде обична егзибиција.

„Тоа може да не изгледа на пријателски меч, бидејќи на теренот ќе има такви фудбалски личности и натпреварувачи, што верувам дека ќе биде конкурентно. Со присуството на Меси и Роналдо, целиот спортски свет ќе го следи мечот. Ова е вистински меч“, инсистираше Галтие.

Можете да прочитате

Рубљoв: Секогаш е убаво да се тренира со Надал, но морам да признаам дека не можев да му парирам

Во Леверкузен сакаат Чаби Алонсо да добие своја улица

Олимпискиот оган запален во античка Олимпија, ќе биде во Грција до 26 април