Утрински Весник
Македонија

На автопат поставен транспарент „Правда за Крешник“ (ФОТО)

Screenshot 2025 04 02 At 16.56.22 585x396 1.jpg

Транспарент на кој пишува „Правда за Крешник“, а е испишан на македонски и албански јазик е поставен на надвозник на автопат, а го објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Оваа герила акција доаѓа откако Бектеши доби статус на осомничен како ексминистер за економија, а по пожарот во дискотеката „Пулс“ која изминатите години работела и со легална дозвола, иако според обвинителите, не исполнувала никакви услови.

“Да ги оставиме институциите да си ја завршат работата. Обвинителството и судот да работат по словото на законот. Правда за Кочани мора да има“, напиша Стојаноска.


На Бектеши минатиов месец му беше одреден 30-дневен притвор, а за време на муслиманскиот празник Рамазам Бајрам претставници на ДУИ го посетија и неговото семејство за да им изразат поддршка

Можете да прочитате

Претседателските кандидати вкупно потрошиле 7,5 милиони евра во кампањата, покажа извештајот на ДЗР

Има уште двајца пациенти кои се во тешка состојба и се лекуваат во странство, но засега се стабилни

Од денеска отворен за сообраќај патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица