Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Услугата помош и нега во домот достапна за 45 стари лица во Пласница

Тренчевска: Услугата помош и нега во домот достапна за 45 стари лица во Пласница

Услугата помош и нега во домот е достапна за 45 стари лица во општина Пласница. Услугата ја спроведува здружението за поддршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи – „Жртва“, кое заедно со општина Пласница добија грант за развој на оваа услуга во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги.

dobivaj vesti na viber

„Ми претставува вистинско задоволство што во придобивките на социјалната реформа е достапна и за најстарите жители на општина Пласница. Горди сме на резултатите постигнати преку Проектот, но многу поважно е задоволството на корисниците и негувателите. Нашите истражувања на задоволството на корисниците на услугата помош и нега во домот од првиот повик за грантови покажуваат дека имаме огромно задоволство од услугата, апсолутно мнозинство од корисниците изјавуваат дека услугата помош и нега во домот го унапредила квалитетот на нивниот живот. Задоволството е видливо и кај негувателите. 99% од нив изјавуваат дека ангажманот како негувател, целосно или делумно го унапредил квалитетот на нивниот живот“, истакна министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, при посетата на Пласница.

Покрај грижата и негата која старите лица ќе ја добијат во своите домови, со воведување на новата услуга се овозможени и нови вработувања на ранливи категории граѓани кои добиваат можност да станат сертифицирани негуватели. Токму тоа е и двојната придобивка од спроведувањето на социјалните услуги. Конкретно, за спроведување на услугата помош и нега во домот во Пласница се ангажирани 15 сертифицирани негуватели кои ќе им го олеснат секојдневието и значајно ќе го подобрат квалитетот на живот на старите лица.

Соработката со општините е исто така значаен аспект во обезбедување на достапноста на социјалните услуги, а на тоа се осврна градоначалникот на општина Пласница, Алија Јаоски. Тој искажа задоволство и голема благодарност до Министерството за поддршката за воспоставување на оваа услуга: „Многу сум благодарен на Министерството за поддршката. Поддршката покажува дека не постојат мали и големи општини кога станува збор за грижата за граѓаните. Посебно сум среќен што старите лица во Пласница, кои се многу поврзани со своите домови, ќе добијат грижа и нега во своите живеалишта“, изјави градоначалникот Јаоски.

Од здружението „Жртва“ исто така изразија благодарност за соработка до Министерството и до Општината, потенцирајќи дека оваа услуга е многу значајна за старите лица во Пласница на кои сертифицираните негуватели им помагаат во секојдневните активности, редовност во здравствените прегледи, личната и хигиената во домот и останати активности.

Инаку, во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светска Банка, досега е овозможено воведувањето на разновидни социјални услуги, преку 34 поединечни проекти што се спроведуваат во 41 општина. За давање на услугите досега се обучени и ангажирани над 300 лица, а истите се достапни за повеќе од 1200 корисници.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер