Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Која е фактурата што ДПМНЕ ја испорачува на ДУИ со пропуштањето на Груби преку граница?

Jovana T Sdsm.jpeg

Која е фактурата што ДПМНЕ и ДУИ си ја испорачуваат со пропуштањето на Артан Груби преку граница? Оваа цела ситуација личи исто како летото што избега Блерим Рамадани, така сега и Груби, и сите оние кои треба да одговараат пред законот, се во некаков договор со ДПМНЕ, ја напуштаат границата и бегаат, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната емисија „Само вистина” на Канал 5 Телевизија.

– Не може коалицискиот партнер на ДПМНЕ да знае каде е Груби, а Тошковски да нема информации каде е.  Многу прашања кој ги постави СДСМ на прес конференциите не беа одговорени од страна на власта, токму за пуштањето на Артан Груби преку граница. Ама имаше неколку кажувања, прво дека во еден момент не работеле камерите, па дека пешки ја поминал границата, па бил со дипломатско возило. И да не работат камерите, видеонадзорот не е на батерии. Многу е сомнително, а токму човек на Тошковски тој ден бил на работно место и го пропушта Груби да помине на граница. Сето ова укажува дека станува збор за некаков договор, рече Тренчевска.


Тренчевска се осврна и на шесте месеци откако ДПМНЕ е на власт, велејќи дека за ова време од сè што ветија ништо не направија, освен што во судството ги местат своите, се разрешуваат комисии и регулаторни тела, а се поставуваат членови на ДПМНЕ.

– Со ДПМНЕ нема светла точка во државата? Што постигнаа од она што ветија? Ништо. Ниту e подобар животниот стандард ниту има  зголемување на платите. Дали кошничките дадоа резултат за подобрување на животниот стандард? Не. Новогодишната кошничка, ги разочара граѓаните, цените не се намалени, туку се поскапени. Премиерот излезе и рече дека кошничката дава резултати, за денес да слушнеме дека имало покачување на цените. СДСМ уште пред да започне оваа мерка новогодишна кошничка укажуваше дека трговците ги зголемија  цените со амин на власта. Со политиките на ДПМНЕ граѓаните само осиромашуваат, рече претеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

Можете да прочитате

Уметници од Новогодишниот концерт во Скопје останаа без хонорари, се подготвуваат тужби

Никола Пановски доживеал хорор: Паднал од велосипед пред возило џип – за малку да ме прегазеше

Традиционален концерт по повод Василица 2025 на 11 и 13 јануари во Националната опера и Балет