Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Децата и младите остануваат наш приоритет

Тренчевска: Децата и младите остануваат наш приоритет
300x250 (7)

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на конференцијата „Зајакнување на отпорноста кон организираниот криминал и корупција меѓу младите во Југоисточна Европа“.

dobivaj vesti na viber

„Министерството за труд и социјална политика во изминатите три години интензивно работи на унапредување на современиот концепт на правда на децата преку зајакнување на деинституционализацијата, кој во својата суштина го става акцентот на вонинституционалниот третман на децата во ризик и децата во судир со законот, наспроти институционалниот“ рече Тренчевска.

Ss1

Истакна дека тоа ни малку не ја намалува должноста и одговорноста на државата и нејзините институции. Таа посочи дека тие треба да го осмислат, поддржуваат организираат и да го контролираат системот на мерки на поддршка, помош и заштита на децата надвор од институционалниот третман.

„Во јули 2018 година се заврши трансформацијата на Јавната установа за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје, со која сите 25 деца во ризик се преселени во пет групни домови во Скопје каде е обезбедена 24-часовна поддршка од стручни работници. Стручните работници кои работат со децата во групните домови поминаа обука за новиот начин на работење, а заради поквалитена грижа на децата се вработија и нови стручни работници“ изјави Тренчевска.

Министерката објасни дека услугите за деца во судир со законот се темелат на современ интердисциплинарен пристап и максимална интеграција на децата, преку почитување на личното достоинство и интегритет на детето и развивање на нивната самодоверба. Таа посочи и на досегашните искуства и рече дека тие покажуваат дека згрижувањето во групните домови дава поголем и подолготраен ефект од стариот институционален пристап. Тренчевска на крајот од своето обраќање посака успешна и плодна работа на дводневната конференција.

На конференцијата во воведните излагања се обратија и шефот на мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, Килијан Вал и амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри.

Ss1

Можете да прочитате

Муцунски: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски, победи во општини 60 наспрема 2 – волјата на народот за промена на власта е јасна

Таткото на Вања оди во куќен притвор

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете