Утрински Весник
Спорт

Трансферот на Мбапе ќе биде главната цел на Реал во 2024 година

Трансферот на Мбапе ќе биде главната цел на Реал во 2024 година

Реал Мадрид не се откажува од намерата да го купи напаѓачот на Пари Сен Жермен и француски репрезентативец Килијан Мбапе. Новнарот на „марка“, Карлос Карпио,, откри дека 24. годишниот фудбалер ќе биде главната трансфер цел на шпанскиот гигант во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

На „Сантијаго Бернабеу“ не веруваат дека раководството на францускиот првак ќе се согласи да го продаде Мбапе оваа година и затоа нема ни да испраќа понуди летово, за да се избегне можноста за ново одбивање.

Тоа, пак, ќе му овозможи на Реал целосно да се фокусира на доведување на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд.

Мбапе минатата година можеше да се пресели во таборот на Реал Мадрид, но во последен момент го продолжи договорот со ПСЖ кој е со важност до летото 2025.

Напаѓачот оваа сезона одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, постигна 38 голови и забележа девет асистенции.

Можете да прочитате

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА