Утрински Весник
Свет

Трамп води пред Бајден во шест од седум „неодлучни“ држави

Tramp 1.webp.webp

Гласовите во седум „неопределени“ американски држави најверојатно ќе одлучуваат за исходот на претстојните претседателски избори во САД, каде главни кандидати се претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп: Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.

Во анкетата спроведена заеднички од Њујорк Тајмс, колеџот Сиена и Филаделфија Инквајер, се наведува дека Трамп води меѓу регистрираните гласачи во шест од седум држави, односно во секоја, освен во Висконсин.

Ситуацијата е малку поинаква меѓу гласачите кои сè уште не се пријавиле да гласаат, каде Бајден води во Мичиген и многу малку заостанува во Висконсин и Пенсилванија. И покрај тоа што Бајден ги освои сите овие држави на изборите во 2020 година, победите во Пенсилванија, Мичиген и Висконсин би биле доволни за победа на изборите, вклучително и победи во државите кои традиционално ги фаворизираат демократските кандидати.

Резултатите од истражувањето биле слични и во хипотетичкиот избор меѓу Бајден, Трамп и независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор, кој според истражувањето би освоил по 10 отсто од гласовите во секоја од државите.

Можете да прочитате

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка