Утрински Весник
Свет

Трамп: Не ни треба воен конфликт со Русија

20240914142335 Big 730x400 95.webp.webp

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за шеф на државата Доналд Трамп изјави дека на САД не им треба воен конфликт со Русија и оти секој глас за неговата противкандидатка Камала Харис е глас за војна со Москва.

Трамп на предизборен митинг во Лас Вегас и на социјалната мрежа Truth Social предупреди и дека „гласањето за Харис е поддршка за враќање на воениот рок во САД“.

– Со гласањето за Камала Харис, вие гласате за војна со Русија. Дали некој сака војна со Русија? Доколку е потребно, ќе го направиме тоа. Но, препорачливо е да се спречи тоа. Гласот за мене е глас за просперитет и мир, наведе Трамп.

Повторно најави дека ќе работи на ставање крај на војната во Украина доколку биде избран за претседател.

Трамп досега повеќепати изјави дека конфликтот во Украина немало да се случи доколку тој бил реизбран за претседател на САД во 2020 година, а доколку се врати во Белата куќа ќе издејствува мир за 24 часа.

Можете да прочитате

Опасниот циклон „Борис“ оди кон соседството, ќе стигне ли до Македонија?

Мртви птици паѓаат од небото во Австрија по невремето

Медведев: Русија може да употреби нуклеарно оружје ако „го загуби трпението“