Утрински Весник
Свет

Трамп ќе прогласи дека постојат само два пола

Tramp.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Доналд Трамп по преземањето на функцијата ќе издаде извршни наредби со кои ќе се намалат програмите за различност и ќе прогласи дека американската федерална влада ќе признае два пола, машки и женски, објави нов претставник на Белата куќа.

За време на неговиот прв мандат, Трамп најави дека ќе им забрани на трансродовите војници да служат војска, а неговата администрација го замрзна вработувањето на трансродови лица.


Бајден ја поништи таа одлука кога ја презеде функцијата во 2021 година.

Родовите прашања беа дел од стампедото наредби за теми од имиграција до енергетика што утринава ги објавија новите претставници на Белата куќа.

Трамп ја презема функцијата во 18:00 часот по средноевропско време.

Можете да прочитате

Анонимен крипто-коцкар заработи 460.000 долари со апсењето на Мадуро

Канадскиот премиер: Само Данска и Гренланд можат да одлучат за иднината на Гренланд

Русија соопшти дека Венецуела треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање