Утрински Весник
Македонија

МОН објави резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови во академската 2026-2027

Studentski dom.webp.webp

Министерството за образование и наука објави резултати од Конкурсот за сместување бруцоши во студентски домови во академската 2026-2027 година.

На веб-страницата на МОН се објавени списоци на студенти запишани во прва година кои ќе бидат сместени во студентски домови во Скопје, Штип, Тетово, Битола и Охрид, кои воедно се објавуваат и на огласните табли во студентскиот дом каде што конкурирал студентот.


Според Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2026/2027 година, кој МОН го објави во јули, приговор по однос на резултатите се доставуваат во самиот дом каде што аплицирал студентот во рок од 10 дена од денот на објавувањето на резултатите.

Примените студенти, во согласност со конкурсот, се вселуваат во студентскиот дом почнувајќи од денот на потпишаниот договор со домот во кој се примени, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список.

Можете да прочитате

Уште еден починат од западнонилска треска: досега вкупно 11 смртни случаи

Актерот Јолевски, историчарот Стојков и археологот Лилчиќ-Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави