Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ го објави најновиот ковид-биланс во Македонија

Ijz.jpg

Институтот за јавно здравје информира дека тестирани се вкупно 282 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, за 8.9% повеќе во однос на минатата недела (n=259).

Регистрирани сe 2 нови позитивни случаи, за 4 помалку во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 0,0% до 2.6%, просечно 0.7%.
Во тековната недела, регистрирани се две заболени лица по едно во Кратово и Скопје. Во текот на минатата недела (13-19.01.2025), регистрирани се 5 оздравени и нема починати лица асоцирани со Ковид-19.


-Ниската стапка на трансмисија на SARS-CoV-2, намаленото известување и малиот број на примероци за тестирање преку сентинел системите имаат влијание врз способноста за прецизно да се процени епидемиолошката ситуација. Популацијата на ЕУ/ЕЕА севкупно има значително ниво на хибриден имунитет (претходна инфекција плус вакцинација/бустер дози), што дава заштита од тешка болест. Лицата на возраст од 60 години се со најголем ризик од тешка болест, стои во соопштението од ИЈЗ.

Во текот на 2025 година, а заклучно со 19.01.2025, регистрирани се вкупно 13 заболени лица. Во месец декември 2024 (n=6) се регистрира намалување од 50% во споредба на претходниот месец (n=12).

Можете да прочитате

Мобилни телефони и обемна документација одземени во вчерашната акција во Одделот за општи и заеднички работи во МВР

Мајката на Фросина Кулакова се обрати до јавноста, има само една молба

Љутков: Гевгелија е Град на културата за 2025 година