Утрински Весник
Свет

Трамп ја спореди администрацијата на Бајден со Гестапо

1708116534 Tramp.webp.webp

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја спореди администрацијата на актуелниот американски претседател Џо Бајден со Гестапо, озлогласената тајна полиција на нацистичка Германија, објави денеска НБЦ њуз.

„Овие луѓе ја водат (американската) администрација како Гестапо. Тоа е единственото нешто што го знаат и мислат дека само така ќе победат“, рече Трамп.

Трамп го коментираше и криминалниот процес што се води против него, оценувајќи дека тимот на Бајден верува дека само така можат да победат и да го одведат Бајден до изборна победа.

Претходно Трамп во неколку наврати изјави дека тужбата против него е „мешање во претстојните избори“.

Судот во Њујорк расправа против Трамп по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја во врска со поткупот на две жени, од кои едната е поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс, која наводно ја платил за да молчи за нивната наводна афера.

Максималната можна казна за сите обвиненија против Трамп е 136 години затвор, но поранешниот претседател изјави дека е невин и нема основа за кривично гонење.

„Кога бев обвинет, реков дека маските мора да паднат. Тој (Бајден) е кандидатот на Манџурија, тој прифаќа огромни суми пари од Кина, Русија, Украина и многу други земји. Тој е измамник“, рече Трамп, додавајќи дека Бајден е „најлошиот претседател во историјата на САД, тотално неспособен и корумпиран како самиот ѓавол“.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември 2024 година, а главни ривали во изборната трка се актуелниот шеф на државата, демократот Џо Бајден и поранешниот американски лидер, републиканецот Доналд Трамп.

И двајцата кандидати веќе добија доволно гласови за делегати на прелиминарните избори за да ги обезбедат номинациите на нивните партии, а речиси сите нивни ривали најавија повлекување од трката.

Можете да прочитате

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија

Малолетничка по потекло од Црна Гора планирала да убива „неверници“ во Грац

Фицо е свесен, лекарите се надеваат на позитивна прогноза