Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации  ќе бидат беспредметни

1708602699 Pendarovski.webp.webp

Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на македонскиот јазик низ вековите конечно добива своја рамка и се формализира. Од првите црковнословенски ракописи од 10 век, преку јасно пројавената свест за неговата посебност во деветнаесеттиот век, што кулминира со делото на Мисирков, па понатаму преку Рацин до Конески, Кепески, Лапе…, сè до ден-денешен, македонскиот јазик се развива и се збогатува зацврстувајќи ја својата позиција во светското семејство на јазиците.

Македонскиот јазик како официјален јазик во нашата татковина го зборуваат нашите граѓани, многубројните Македонци во дијаспората, но и многу вљубеници и почитувачи слависти-македонисти низ целиот свет.

Сè додека го зборуваме, сè додека создаваме и твориме на македонски, нашиот јазик ќе постои и сите негови ирационални негации ќе бидат беспредметни. Сè додека се живи говорителите ќе биде жив и јазикот, и сè додека е жив македонскиот јазик ќе постои и нашиот македонски идентитет. Затоа да го чуваме и да го негуваме, и секогаш да ги ползуваме најблагите и најубавите зборови изразувајќи си почит, внимание и љубов.

Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.

Можете да прочитате

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Ставот за прегласувањетo ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од Фронтот, но ние ќе ги обелодениме сите детали од тајните договори