Утрински Весник
Балкан

Трагедија во Скадар: Мајка се фрли со трите деца во реката Бојана

Img 7767.jpeg

Албанските медиуми пишуваат дека жена со иницијали А.А. (39) која, се фрлила во реката Бојана во Скадар заедно со своите три малолетни деца.

А.А. за која се претпоставува дека била жртва на семејно насилство со нејзините деца, исчезнала на 2 мај со нејзините две ќерки на возраст од 9 и 6 години и синот кој има само четири години. Еден ден подоцна нејзиниот сопруг ги пријавил како исчезнати.

Албанските медиуми пишуваат дека последен пат била видена во кафуле со својата јатрва. Наводно, јатрвата рекла дека ништо не навестило дека ќе се случи трагедија.

Телото на нејзината најстара ќерка синоќа беше извлечено од реката Бојана. Девојката која ја пронашол рибар, наводно имала модринки на лицето.

Потрагата по телото на Алма и на другите две деца се уште трае.

Полицијата завчера го уапсила Е.А., а потоа дала соопштение.

„На 03.05.2024 година граѓанинот Е.А.(31) пријавил дека ден претходно на 02.05. исчезнала неговата сопруга А.А.(39) и нивните 3 малолетни деца (9, 8 и 3 години). Посебна истрага е формирана група за расветлување на причините за напуштање на станот Врз основа на спроведените истраги и полициското разузнавање, се сомнева дека причина за напуштање на станот е насилството што 31-годишникот го извтшил врз неговата сопруга и децата.

Можете да прочитате

Вучиќ: Ќе бараме резолуција за страдањата на Србите од Германците во Втората светска војна и од усташите во Јасеновац

Додик: Односите меѓу Бања Лука и Сараево можеби се на најлошо ниво

Мисијата на Србија во ОН апелира да се повлече текстот на резолуцијата за Сребреница