Утрински Весник
Македонија

Традиционалниот Василичарски концерт вечерва на сцената на Националната опера и балет

20250110185025 Big 730x400 86.webp.webp

Во Националната опера и балет вечерва ќе се одржи традиционалниот концерт „Василица 2025“ со што ќе се одбележат 30 години од првото одржување на концертот по повод празникот Василица којшто првично беше презентиран како програмски концепт во 1995 година.

Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии и дуети од светски познатите дела од Џ. Верди, Ф. Чилеа, Џ. Пучини, П. Маскањи, Г. Доницети и други. Под диригентската палка на шпанецот Оливер Диаз, врвен диригент и добитник на голем број престижни награди и признанија, ќе настапат сопранот Ирене Палазон, тенорот Хозе Луис Сола заедно со оркестарот на Националната опера и балет.


Ирене Палазон од Шпанија е позната по својата изразена вокална техника и има кариера која вклучува настапи на водечки оперски сцени во Европа. Препознатлива е по својот чист тон, техничка прецизност и емотивна изведба. Позната е по своите улоги во оперите „Травијата“, „Кармен“ и други класични и современи дела.

Хосе Луис Сола е познат шпански тенор кој своето музичко образование го започнува во Есколанја нињос канторес де Навара, а потоа продолжува со усовршување на техниката на пеење под менторство на познатиот тенор Рикардо Висус. Неговата кариера вклучува настапи во различни оперски и симфониски дела, а тој се истакнува со својата разновидност во класичниот и оперски репертоар, со посебен фокус на дела од Моцарт, Доницети, Верди, Бизе, Гуно и други. Сола има настапувано на престижни сцени и со различни оркестри, освојувајќи признанија за своите моќни и емоционални изведби. Познат е и по своите настапи во светот на сакралната и хорската музика, што го збогатува неговиот опус.

Освен денеска, традиционалниот концерт по повод Василица ќе се одржи и во понеделник, на 13 јануари од 20 часот.

Можете да прочитате

Седумнаесет години од хелихоптерската несреќа во Катлановско Блаце

СДСМ: Владините мерки немаат ефект, цените не се намалија-граѓаните се ограбени

Петрушевски: Вистинската основа за поднесената интерпелацијата на Стоилковиќ е јавното обелоденување на криминалите сторени од ДУИ