Утрински Весник
Спорт

Македонија го победи Сесвете во пријателски натпревар пред СП

20250110220654 Big 730x400 6.webp.webp

Ракометната репрезентација на Македонија оствари убедлива победа во пријателски натпревар против хрватски Сесвете со 42-28 (18-12).

Дуелот е дел од подготовките за претстојното Светско првенство.


Последниот тест за ракометарите пред СП е закажан за 12 јануари против Зеленортските острови.

Македонија натпреварите на Мундијалот во Вараждин ги започнува на 15-ти јануари против Унгарија. Два дена подоцна играме со Холандија, а во последното коло ќе ги одмериме силите со Гвинеја.

Во главната фаза ќе се пласираат првите три репрезентации од групата, каде ќе вкрстат со најдобрите три селекции од групата Ц во која се Франција, Австрија, Катар и Кувајт.

Можете да прочитате

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години

Успешен старт на Ѓорческа во Лајпциг