Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост поради магла на патот Тетово-Гајре, Стража и Плетвар

Magla.jpg

Намалена видливост поради магла има од Тетово до село Гајре 20 – 30 метри, Стража 30 – 50 метри и Плетвар – 40 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.


На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Можете да прочитате

Роми во злокуќани повторно малтретираат коњ (ВИДЕО)

Еве од каде Мицкоски ја следеше инаугурацијата на Доналд Трамп (ФОТО)

Утре (вторник) брз влажен и ладен бран ќе ја зафати нашата Македонија