Утрински Весник
Свет

Товарен брод нападнат во Ормуската Теснина

Ormus.webp.webp

Товарен брод во Ормуската Теснина бил нападнат од неколку мали чамци, соопштија денеска Обединетите поморски трговски операции (УКМТО), повикувајќи се на капетанот на трговскиот брод што се движел кон север.

Најновиот инцидент во последните неколку недели напади што ги поткопаа глобалните текови на нафта се случил 11 наутички милји западно од иранскиот град Сирик, според британското поморско тело, кое соопшти дека сите членови на екипажот се безбедни и дека не е пријавено никакво влијание врз животната средина.


Ниту една група првично не ја презеде одговорноста за нападот врз носачот на товар.

Од почетокот на војната во Иран, бродовите постојано се напаѓаат во Ормуската Теснина. Иран, кој беше нападнат од САД и Израел, во голема мера го запре превозот преку оваа клучна транспортна рута преку напади и закани. САД, пак, воведоа поморска блокада врз Иран и досега запреа 49 брода, соопшти американската регионална команда ЦЕНТКОМ на „X“.

Можете да прочитате

Четворица израелски војници убиени во Либан, министерот Бен-Гвир порача „целиот Либан треба да гори“

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ

Речиси сите патници од крузерот зафатен со хантавирус пуштени од карантин во Холандија