Утрински Весник
Спорт

Тотенхем ја продолжи агонијата на Лестер – Три гола на Сон за 15 минути

Ss2

Тотенхем го декласира Лестер со 6:2, во последниот денешн натпревар одигран во рамките на седмото коло, во Премиер лигата. Мечот го обележа Сон, кој постигна хет-трик за само 15 минути. Тотенхем се израмни на челната позиција на табелата со Манчестер сити, додека Лестер ја продолжи агонијата, тимот на Брендан Роџерс е последен на табелата со само еден освоен бод.

dobivaj vesti na viber

Почетокот на натпреварот им припадна на гостите, постигнаа гол во шестата минута преку Тилеманс. Белгиецот беше прецизен од белата точка.

Ss1

Две минути подоцна израмни Кејн, а Даер во 21. минута постигна гол за 2:1. На полувреме се замина со резултат 2:2. Стрелец за Лестер беше Медисон.
Во вториот Тотенхем го растури својот противник. Во 47.минута Бентакур го постигна првиот гол во сезоната и му донесе нова предност на Тотенхем.

Потоа на свена стапи Сон. Кореецот на теренот влезе во 59.минута, но тоа не му пречеше да постигне три гола.

Во интервал од 73. до 88. минута Сон три пати го совлада вард и ги постави конечните 6:2.

Ss1

Можете да прочитате

Алкараз обвинет за местење натпревари

Струга ТЛ ја прекина соработката со тренерот Дуро

Рангник се откажа од жешкото столче кај Баерн Минхен