Утрински Весник
Македонија

Тошковски:  Осуда за нападот во Москва

Panche Toshkovski.jpg

Во мое лично име и во име на Министерството за внатрешни работи најостро го осудувам вчерашниот терористички напад врз невините посетители во концертната сала “Крокус сити хол” во Красногорск, Русија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата и најблиските на жртвите погодени од овој грозоморен чин, а на повредените им посакувам најбрзо закрепнување, вели техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошкоски.

Ваквите ужасни акти на насилство извршени врз невини цивили налагаат најостра осуда од сите чинители посветени на мирот и безбедноста и се сериозен потсетник за заканата што ја носи тероризмот за нашите општества и потребата за одлучна борба против сите негови форми, додава тој.

Можете да прочитате

Девет илјади хектари и стотици илјади евра – проценка на штетата од пожарите на Серта

Ни следува сушен и топол период, и тоа поради антициклон, придружен со Африканскиот топол бран – Постои опасност од нови шумски пожари

Владата објави дека Ибрахим Ељези е поставен за в.д.заменик на КПД Идризово па се премисли