Утрински Весник
Македонија

Тошковски на Матка присуствуваше на обука за спасување на брзи води организирана од УНДП во соработка со грчката амбасада

015 Scaled.jpg
300x250 (7)

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на кајакарската патека на диви води на Матка беше присутен на обуката за спасување на брзи води и поплави која е дел од проектот за подобрување на отпорноста на поплави во полошкиот регион во организација на Канцеларијата на УНДП во соработка со грчката амбасада, а со финансиска поддршка на Владата на Швајцарија.

Самиот проект од аспект на Министерството за внатрешни работи има двослоен ефект, прво заради неспорната корист од стручно оспособување на полициските службеници од САЕ “Тигар” за постапување во такви специфични кризни околности, а второ заради бенефитот во делот на спасување на човечки животи кој има хумана и благородна димензија.

300x250 (7)

Благодарност до организаторите за конкретната поддршка и помош изразена во осмислувањето и реализацијата на овој проект, преку кој припадниците на МВР ќе се стекнат со квалитетни знаења и вештини како адекватно да одговорат во превенцијата и спасувањето на животи и материјални добра.

Ss1

Можете да прочитате

Промовирана новата генерација полициски службеници

Спасовски: 27 ми април е крвав потсетник што носи режим, да не дозволиме да се повтори

Драмски театар ќе доделува награда „Горан Стефановски“ за најдобар текст од млад автор