Утрински Весник
Македонија

Тошковски и Јанев од Велес: Со иницијативата „До вас, за вас” ги отвораме вратите на полицијата за поголема довеба во полицијата и безбедност на сите граѓани

4 5.jpg

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев во Велес присуствуваа на вториот настан од иницијативата „До вас, за вас”, која е дел од посветеноста на за приближување на полицијата до граѓаните.
Министерот Тошковски го отвори настанот на дружење и заеднички активности на полицијата со граѓаните и истакна дека ова иницијатива е исклучително важен чекор во создавање подобра комуникација а со тоа соработка и доверба меѓу полицијата и заедницата.

„Целта на оваа иницијатива е да покажеме на дело дека полицијата е секогаш тука меѓу граѓаните – за граѓаните. Целта е да создадеме и одржуваме врски на доверба со заедницата, што е вистински темел за создавање долгорочна безбедност и стабилност. Преку дружба и комуникација со граѓаните веруваме дека иновативно го обновуваме пристапот кон безбедноста што за резултат ќе има зголемена доверба и соработка. Симболично ги отвораме вратите на полицијата и ги охрабруваме сите граѓани да учествуваат во создавањето на практики кои ќе доловат вистинските потреби на граѓаните и локалната заедница.”, потенцираше министерот Тошковски.

Директорот Јанев кој им додели благодарници на младите за учество на настанот во натпревари во кошарка, фудбал  и други спортски активности истакна дека безбедноста не е само задача на полицијата туку е одговорност на сите нас како граѓани.

„Сите ние, секој граѓанин има своја лична улога во креирање на безбедно и мирно општество. Само така заеднички можеме да изградиме култура на взаемна доверба и разбирање која ќе резултира со безбедност и спокој на нашите семејства, нашите деца, на сите нас. Продолжуваме заедно, за безбедност на сите”, потенцираше директорот Јанев.

Настаните од иницијативата „До вас, за вас” ќе вклучуваат редовни активности насочени кон активно вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки и пракси кои ќе ја зголемат довербата и соработката на граѓаните со полицијата со цел зголемување на безбедноста на сите нас.

Можете да прочитате

Средба на Тошковски и Јанев со полициските аташеа: Продолжуваме со интензивната полициска соработка во сите области

Поради немање кворум, одложен изборот на Христовски за асистент

Доцнат повеќе социјални додатоци, граѓаните гневни чекаат по банките, надлежните повикуваат на разбирање