Утрински Весник
Македонија

Тошковски: Двегодишното дете почина од залутан куршум, полицијата интервенирала и во Градска болница

612034804 122275502000197509 4487618706589194310 n.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Истражната постапка за трагичниот настан во кој двегодишно дете го загуби животот од залутан куршум за време на новогодишната ноќ сè уште е во тек, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски потврди дека досегашните вештачења утврдиле оти смртта на детето е последица на залутан куршум, а не на директен напад. „Не станува збор за куршум насочен кон детето, туку за залутан куршум. Преземаме сè за да го утврдиме конкретниот сторител, иако ваквите случаи се исклучително тешки за детектирање“, рече министерот.

Во однос на обвинувањата од родителите за полициска бруталност, Тошковски појасни дека полицијата интервенирала по повик од болничкиот персонал во Градската болница во Скопје. „Интервенцијата беше поради агресивно и недолично однесување во болницата. Полициските службеници затекнале поголема група лица, а по утврдување на нарушување на јавниот ред и мир извршија интервенција во рамки на законските овластувања“, рече Тошковски.

Министерот истакна дека во МВР е започната внатрешна истрага за постапувањето на полицијата и дека по завршувањето ќе бидат соопштени сите детали за евентуално пречекорување на овластувањата.

Детето, кое беше тешко повредено од огнено оружје, беше префрлено од Ургентниот центар на Клиниката за неврохирургија, каде медицинскиот тим, и покрај максималните напори, не успеа да го спаси поради тешките повреди на мозокот. Основното јавно обвинителство издаде наредба за обдукција на телото.

Можете да прочитате

Среќен Божиќ! Христос се роди!

Мицкоски со семејно селфи за Бадник – Паричката кај помалиот син

Осветување полициски возила во дворот на МВР предизвика жестока јавна дебата за секуларноста