Утрински Весник
Македонија

Адвокатот на Кајмакоски откри детали поврзани со киднапирањето

Daniel kajmakoski 960x774 1.jpg

Адвокатот на Кајмакоски откри нови детали поврзани со киднапирањето на поп-пејачот Даниел Кајмакоски, кое се случило минатиот месец во Белград. Според информациите што ги соопшти неговиот адвокат и пријател Бранислав Станишиќ, киднаперите насилно го врзале со селотејп и под закана со пиштол и нож го принудиле да влезе во возило кое се упатило кон Рума.

Драмата, како што се наведува, кулминирала кај локацијата Бетон Хала, кога полицијата се обидела да го запре возилото за рутинска контрола, објави 4news.mk Потоа следела брканица, а поради густата магла киднаперите излетале од патот. Тие го оставиле повредениот и врзан пејач во оштетеното возило и побегнале.


Полицијата го пронашла Кајмакоски на задното седиште од автомобилот, а истрагата и потрагата по сторителите, за кои се сомнева дека се мигранти, сè уште се во тек. Надлежните институции продолжуваат со собирање докази и со активности за целосно расчистување на случајот во Србија.

Можете да прочитате

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетници

Клековски: Што ќе добијат пациентите со дигиталното здравство – податоците го следат пациентот, а пациентот одлучува кој ги гледа

Пет илјади евра казна за Мерко за незаконско поставување спомен обележје на влезот на општинската зграда