Утрински Весник
Македонија

Загина паланчанец по пад од мотор

Policija Mvr2.png

83 годишен паланчанец загина при пад од мотор. Вчера во 11:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на локалниот пат во с.Дурачка Река, кривопаланечко, кај место викано „Мушкаричина бавча“, 83-годишниот К.М. од с.Кошари, кривопаланечко, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на Судска медицина за обдукција, а увид извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка.

Можете да прочитате

Хаос во Скопје: Со автомобил неколку пати намерно удрил во мотоциклист

Двајца турски државјани уапсени на ГП Деве Баир

ДОМ: Наместо правна сигурност, граѓаните повторно добија институционална конфузија и закана по животната средина околу Иловица