Утрински Весник
Македонија

Топло време и во наредните денови, нова промена од петок

Esen.jpg

До четврток ќе се задржи стабилно и релативно топло време. На планините поради
повисоките температури висината на снежната покривка ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе биде пониска.

Утре минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.


Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег се очекува во петок попладне и во сабота.

Можете да прочитате

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

Мислела дека дава пари за лечење болно дете, жена од Прилеп измамена за 700.000 денари

СДСМ: ЈСП тоне во долгови и нема пари а за „Маратон“ блиска до власта има над 1,5 милиони евра