Утрински Весник
Магазин

Том Круз го прослави роденденот на сер Мајкл Кејн, откако ги прескокна „Оскарите“

Том Круз го прослави роденденот на сер Мајкл Кејн, откако ги прескокна „Оскарите“

Том Круз му се придружи на сер Мајкл Кејн за да го прослави неговиот 90. роденден заедно со Дејвид Валијамс и Дениз Велч во вторникот вечерта.

dobivaj vesti na viber

Комичарот Вилијамс се огласи на „Инстаграм“ за да сподели фотографии со актерската легенда Кејн од неговата роденденска прослава.

На друштвото му се придружи и холивудската ѕвезда Круз, кој позира заедно со ветеранот за да го овековечи моментот со фотографија.

Актерката од Loose Women Дениз Велч исто така се приклучи на малата група пријатели на Кејн кои сите се собраа заедно да го прослават неговиот голем ден со раскошна вечера.

Таа се огласи на сопствената страница на „Инстаграм“ за да сподели насмеано селфи од себе заедно со ѕвездата, бидејќи се чини дека е на истиот настан.

Оваа дружба доаѓа само неколку дена откако Круз одлучи да ја прескокне церемонијата за доделување „Оскари“, и покрај тоа што неговиот голем хит „Топ-ган: Маверик“ беше номиниран во шест категории, вклучувајќи ја и престижната за најдобар филм.

Можете да прочитате

Еве кои хороскопски знаци ќе добијат пари оваа година

Утрински Весник

Само едно седиште во авионите е посебно, има и зошто тоа е така

Трет Toп Ган: Том Круз повторно ќе го глуми Маверик