Утрински Весник
Македонија

„Титаник 2“: Тачи не се чувствува виновен за изборните нерегуларности, го убедуваше судот и обвинителот

„Титаник 2“: Тачи не се чувствува виновен за изборните нерегуларности, го убедуваше судот и обвинителот
Ss2

Лидерот на ДПА Мендух Тачи во завршниот говор бара ослободителна пресуда за предметот „Титаник 2“ кој се однесува на изборни нерегуларности.

dobivaj vesti na viber

Во повторното судење, нему му е направена преквалификација на делото, па од злоупотреба на службената положба и овластување сега тој се гони за повреда на избирачко право. Во почетокот на завршните зборови, сакаше да го убеди обвинителот Гаврил Бубевски, кој му го поднесе обвинението дека не е виновен. Судијата Огнен Ставрев му кажа дека треба да го убеди судот.

300x250 (7)

„ Се чувствувам невиновен, сакам обвинителе да ве убедам уште еднаш“, кажа Тачи, на што возврати судијата Огнен Ставрев: „ Сега треба судот да го убедите, а не обвинителот“.

„ Немав никогаш намера да наштетам. Јас не сум наивен, јас сум имал многу можности да го информирам Ибраими. Јас немам намери, туку ставови како политичар. Јас имав став да ги убедам набљудувачите за нерегуларностите во Чаир. За Струмица, јас не знаев за кои избирачки места се зборува. Умисла немаше, намера немаше. Моите зборови се политички ставови. Другите работи кои ги слушнав дека требало некој да губи, дека имало договор – мислам тоа не се однесува на мене“, кажа Тачи.

И неговиот адвокат го кажа истото.

„ Тачи не е виновен за ништо од обвинителниот акт. Барам од судот бидејќи нема елементи за кривично дело да има ослободителна пресуда за Мендух Тачи. Тој немал умисла, ниту се заканил, ниту ветувал“, кажа адвокатот.

Тачи додаде дека нема доказ кој покажува зошто би сторил кривично дело, односно која ќе биде неговата корист.

„ Нема ниту еден доказ дека сум земал пари, дека сум заплашен, дека сум уценет. Нема врска. Во личните кафански муабети на одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат договор со некого ги сметам како евтини маркетиншки трикови кои не се прават само во Македонија туку и на Балканот“, кажа Тачи.

Ss1

Можете да прочитате

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ ќе добиеме 850 милиони евра за три години

Неуспехот да се обезбеди 100 илјади гласови разлика утре ќе ја спласне еуфоријата на ВМРО-ДПМНЕ и желбите за победа на 8 мај

НАЈАВА ЗА НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД: Во следните 12 часа нови обилни врнежи во Македонија – Се очекува да наврнат нови над 30 литри на метар крвадратен воден талог