Утрински Весник
Свет

Тинејџер од Вирџинија ги убил мајка си и сестра си, осуден е на доживотен затвор

Тинејџер од Вирџинија ги убил мајка си и сестра си, осуден е на доживотен затвор
Ss2

Тинејџер од Западна Вирџинија е осуден на две 40 годишни казни затвор за убиство на неговата мајка и сестра, кога судијата ги отфрли неговите барања за поблага казна.

dobivaj vesti na viber

Конор Кроу (16) се изјасни за виновен за две точки од обвинението за убиствата.

Ss1

Кога во септември 2020 година ја уби мајка си Мелиса Роуланд (39) и неговата 15-годишна сестра Медисон, тој имал 13 години. Неговите адвокати побараа пократка казна врз основа на неговата возраст, но судијата Џејсон Комо му одреди максимална казна, јавуваат американските медиуми.

-Сакам да те потсетам дека твојата сестра имаше 15 години кога ја уби. Беше помлада од тебе сега, а ти немаше почит кон неа, ја осуди на смрт. Сестра ти би завршила средно училиште пред една или две недели. Никогаш нема да добие шанса да оди на факултет. Таа никогаш нема да оди на олтарот со нејзиниот татко, да се омажи или да има свои деца. Ти и го одзеде тоа. Не и даде шанса да направи нешто од себе, а бараш од мене да го направам тоа наместо тебе – му рекол судијата.

Откако ги убил мајка си и сестра си, истрчал од куќата и за тоа обвинил странец. Обвинителот рече дека кај него биле пронајдени остатоци од огнено оружје и дека нема докази оти некој насилно влегол или побегнал од куќата.

„Останува фактот дека тој знаел дека тоа што го прави е погрешно. Претходно размислувал за убиствата и знаел дека не е во ред. Се предомисли, но сепак го направи тоа. И тогаш се сети на одбраната. Олеснителните околности се минимални во споредба со она што се случило во неговата состојба на свест“, изјави обвинителот во судот.

Во малолетнички затвор ќе остане до 18-годишна возраст, кога ќе биде префрлен во институција за возрасни.

Ss1

Можете да прочитате

Пластичниот отпад од Европа ги уништува плажите во Азија

Уапсен е уште еден осомничен за терористичкиот напад во Крокус во Москва

Глобалниот капацитет на електрани на јаглен во 2023 година на највисоко ниво на сите времиња