Утрински Весник
Балкан

ТикТок се враќа во Албанија

Tiktok.webp.webp

Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека социјалната мрежа ТикТок повторно ќе биде активна во земјата. Во разговор за „Политико“, тој посочи дека Владата постигнала договор за соработка со платформата, со цел подобра заштита на корисниците. Рама најави дека во блиска иднина ќе бидат презентирани конкретни мерки насочени кон безбедноста на албанската јавност, особено на младите.

-Задоволни сме од резултатот. Го направивме партнерството и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го откриеме планот пред албанскиот народ, како што ветивме, изјави Рама.

ТикТок беше забранет во Албанија пред една година, откако содржини објавени на платформата доведоа до конфликт меѓу малолетници, во кој трагично го загуби животот 14-годишно момче, прободено со нож.

Можете да прочитате

За седум месеци седум милиони туристи во Албанија

Анкара предупредува на надворешна дезинформациска кампања и психолошки операции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трагедија во Краљево: Автомобил излета на тротоар и удри во семејство, почина петгодишно девојче