Утрински Весник
Спорт

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Fudbal.webp.webp

Иако Манчестер сити славеше убедлива победа од 3:0 против Вест Хем во рамки на 17. коло од Премиер лигата, тренерот Хозеп Гвардиола не го криеше незадоволството од играта на својот тим.

– Начинот на кој игравме во нападот треба да се подобри. Во спротивно, нема да биде доволно за да останеме во конкуренција за титулата во март и април. Вест Хем е добар тим. Но, сакам да бидам искрен со себе. Им реков на играчите „Среќен Божиќ на сите, но нема да биде доволно ако не се подобриме. Бернардо Силва е мојата слабост. Тој е фантастичен, но денес требаше да игра подобро. Тој е мојата слабост, мојот фаворит, но денес не сум задоволен од него, рече шпанскиот тренер на прес-конференцијата.

Со овој триумф, Манчестер сити останува лидер на табелата во англиската Премиер лига, со вкупно 37 бодови освоени по 17 одиграни натпревари.

Можете да прочитате

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид