Утрински Весник
Спорт

ТФТ избори финале во АБА 2 лигата

20260415204342 big 730x400 31.webp.webp

Кошаркарите на ТФТ се пласираа во финалето во АБА 2 лигата. ТФТ и во вториот натпревар ја совлада Сутјеска, за место во АБА лигата ќе се бори со Широки.

По победата во првиот меч во Црна Гора, ТФТ и во реваншот убедливо ја победи Сутјеска 90-77.


ТФТ одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната, буквално на Сутјеска не и дозволи ниту грам надеж дека може да го врати брејкот. Победата скопскиот тим ја најави во првата четвртина, која ја доби со 29:14.

На полувреме разликата изнесуваше 16 поени, а во третата четвртина ТФТ дојде до максималните +23 (82:59).

Најефикасен во редовите на ТФТ беше Стенли Дејвис Џуниор со 23 поени, Виктор Ташовски уфрли 19.

За место во АБА лигата, ТФТ ќе игра серија од максимум три натпреварисо Широки. Доколку ТФТ не успее против Широки ќе има можност за поправен, би играл бараж против последно пласираната екипа во АБА лигата.

Можете да прочитате

Скопје ќе биде светски училишен ракометен центар

Ѓорческа го загуби четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид

Почина Душко Вујошевиќ – 24info.mk