Утрински Весник
Спорт

ТФТ ја елиминира Сутјеска, против Широки Бријег за влез во АБА лигата

Tft.webp.webp

Екипата на ТФТ од скопско Тафталиџе испиша историја и за првпат ќе игра во финалето на кошаркарската АБА 2 лигата.

ТФТ синоќа ја совладаа екипата на Сутјеска од Никшиќ Црна Гора со резултат 90:77 и со резултат од две победи и нула порази се пласираа во финалето на АБА 2.


Најефикасен во тимот наТФТ беше Стенли Дејвис Џуниор со 23 поени и 9 скокови. Македонскиот репрезентативец Виктор Ташовски, постигна19 поени, 8 скокови, 4 асистенции додека Џастин Гордон и Дарин Ентони Говенс додадоа по 17 поени. Кај Сутјеска најефикасен беше К. Мартин со 22 поени.

ТФТ во финалето ќе игра против Широки Бријег од БиХ а натпреварите се на распоредот на 22, односно на 29 април.

Ако успее да го мине и последното скалило, ТФТ идната сезона ќе игра во првата АБА лига а од македонските клубови таму има учествувано само МЗТ Аеродром.

Можете да прочитате

ТФТ избори финале во АБА 2 лигата

Скопје ќе биде светски училишен ракометен центар

Ѓорческа го загуби четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид