Утрински Весник
Македонија

Тешко повредена патничка во автобус во сообраќајка во Аеродром

Whatsapp image 2025 05 08 at 10.12.10.jpeg

На 06.08.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Јане Сандански“ и сервисна улица, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.П.(47) од с.Ново Село и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(55) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 64-годишната В.В. од Скопје, патничка во автобусот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.  

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Драма во поликлиниката „Букурешт“: Доктор нападнат додека прегледувал пациентки, му скршиле вратен пршлен

Андоновски: Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата