Утрински Весник
Свет

Тешко ќе биде Републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот, призна Трамп

Tramp.webp.webp

Претседателот на САД Доналд Трамп, призна дека ќе биде тешко за Републиканската партија да ја задржи контролата врз двата дома на Конгресот по меѓуизборите закажани за есента 2026 година.

– Ќе видиме како ќе оди. Треба да победиме, но статистички ќе биде многу тешко да се победи. Ќе се обидеме да направиме сѐ што можеме, изјави тој во интервју за „Волстрит Џурнал“.

Трамп, исто така, изјави дека обезбедил повеќемилијардски инвестиции за САД, но не знае „кога тие пари ќе се реализираат“.

– Ја создадов најголемата економија во историјата, но веројатно ќе треба време луѓето тоа да го сфатат, додаде американскиот лидер.

Среднорочните избори за Конгресот на САД ќе се одржат на 3 ноември 2026 година. Целиот Претставнички дом (435 члена) и една третина од сенаторите (33 члена) се кандидираат за реизбор. Двата дома во моментов се под контрола на контролираат републиканците. 

Можете да прочитате

Виткоф и Кушнер пристигнаа во Москва

Бројот на издадени рецепти во САД за слабеење за деца зголемен за 300 пати во споредба со 2019 година

Бесент ги идентификуваше украинските напади врз Русија како една од причините за глобалните енергетски шокови