Утрински Весник
Македонија

Пронајдено опожарено тело при увид во опожарените магацини на „Макстил“

Img 3134.jpeg

Денеска, при вршење увид во опожарените магацини во кругот на индустрискиот комплекс „Макстил“ во Скопје, пронајдено е едно опожарено лице. Увидот сè уште е во тек, а на терен се надлежните служби, дознава 24инфо.

Пожарот избувнал синоќа во кругот на „Макстил“, при што целосно бил зафатен магацин кој се користел за обработка на дрво. На местото интервенирале противпожарни екипи, кои по неколкучасовна интервенција успеале да го локализираат и изгаснат огнот.

Причините за настанување на пожарот засега не се познати. Надлежните органи ќе утврдуваат како дошло до трагичниот настан и под кои околности лицето се нашло во објектот.

Повеќе информации се очекуваат по завршување на увидот.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва кај мостот „Беласица“ – две екипи на Итната помош на терен

Сообраќајка на мостот во Аеродром – мотоциклист повреден

Герасимовски: Катастрофална е состојбата во државата, но никој не собира храброст за протест